Необичноста на мама и тато: Ученик со домашната задача ги насмеа сите

Необичноста на мама и тато: Ученик со домашната задача ги насмеа сите

Објавена во: Совети // School zone

Ништо не му е јасно.

На сите им се промени секојдневието пораид коронавирусот и домашната изолација. Наставата е од дома, многу родители работат од дома или воопшто не работат. Еден ученик од Хрватска, кој се претпоставува дека е прво одделение, опишува како моментално изгледа ситуацијата во неговиот дом и го освои интернетот со својот опис на родителите.

Замисли да имаш 7 години, одеднаш да престанеш да одиш на училиште, мајка ти и татко ти да не одат на работа и да бидат дома по цел ден, тоа е необично... Еден ученик од Хрватска се обиде во својата домашна работа да опише што прават неговите родители одма во време на изолација поради коронавирусот. Јасно му е дека нешто чудно се случува, а со својот одговор во задачата ги насмеа корисниците на Интернет. На Фејсбук групата „Дневна доза на просечен Далматинец“ е објавена фотографија од неговата задача, која носи наслов „Необичноста на мама и тато“. 

Најискрено што можел опишал што се случува во неговиот дом и што прават мајка му и татко му во изолација. Прва на списокот била мајка му: „Мама доцна се буди. Пие кафе за ручек, а ручек нема. Короната ја поремети.“ Но, исто така не го поштеди ниту татко му: „Тој сега гледа телевизија и само лежи. На телевизија гледа некои Англичани како прават огромна фенси куќа. Обично заспива попладне додека гледа телевизија.“


Оваа објава „собра“ илјадници лајкови и исто така е споделена многу пати. Оваа толку искрена задача ги воодушеви сите.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: