Неочекувана соработка: Селена Гомез откри со кој изведувач ќе објави нова песна

Неочекувана соработка: Селена Гомез откри со кој изведувач ќе објави нова песна

Објавена во: Stars // Музика

Соработка која никој не ја очекуваше, а која сите ги воодушеви...

Двете големи музички ѕвезди ги здружија силите и веќе овој месец ќе ја објават заедничката песна. Селена Гомез на социјалните мрежи откри дека ќе објави нова песна во соработка со - BLACKPINK!

Blackpink неодамна се вратија на големата врата со мега хитот „How You Like That“. Си срушија сите рекорди кои се најдоа пред нив, а видеото има толку многу прегледи, што никој не можеше да поверува. Девојките досега не соработуваа премногу со американските поп ѕвезди, единствената соработка е исто така нова, со Лејди Гага на песната „Sour Candy“. Со оглед на тоа што Blackpink не прават песни со други изведувачи, ова беше посебено изненадување за сите, за во толку краток временски период да имаат песна со Гага, а сега и со Селена.

На својот Инстаграм и Твитер профил, Селена откри само дека песната ќе биде објавена на 28 август. Не се знае како ќе се вика истата. Blackpink и Селена меѓусебно се големи фанови веќе долго време и многу се радуваат што сега ќе ги почестат сите со заедничката песна.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: