Неочекувано видео: Како звучи Ријана кога пее песна од Селена Гомез?

Неочекувано видео: Како звучи Ријана кога пее песна од Селена Гомез?

Објавена во: Stars // Музика

Најголемите обожаватели на Селена Гомез знаат дека песната „Same Old Love“ не била наменета за неа.

Пред таа да ја објави во 2015 година, на Твитер ја најави Ријана. Шест години подоцна, благодарејќи на порталот PopCrave, обожавателите ширум светот може да слушнат како истата звучи во нејзина изведба.

Зад оваа песна стојат Микел Сторлер Ериксен, Бени Бланко, Рос Голан, Чарли XCX и Тор Ерик Хермансен, а иако ни изгледа дека совршено одговара и на вокалот на Ријана, откриено е и зошто никогаш оваа песна не се најде на нејзиниот албум.


Како што објасни Чарли XCX, Ријана ја снимила, но песната не одговарала на сензибилитеот на нејзиниот албум „ANTI“.

„Мислам дека Ријана требаше да ја пее оваа песна во еден момент, но тогаш правецот на нејзиниот албум се пормени и песната не и одговараше („ANTI“ е едне од моите омилени албуми таа година.)“ - откри Чарли.

„Потоа, Селена ја слушна песната и ѝ се допадна, ја отпеа и совршено одговараше на нејзиниот глас и нејзината приказна. Песната е толку вистинска и емотивна кога таа ја пее. Многу сум среќна што ја одбра, многу е моќна“ - додаде таа.

Селена песната ја објави на албумот „Revival“, за кој многумина тврдат дека е посветен на нејзината проблематична врска со Џастин Бибер.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: