(Не)пишани правила кои треба да ги има секое пријателство: 15 главни кои ги имаа Ли и Ел во „Kissing Booth“
Се држите ли ти и твоите најдобри пријатели до ваквите слични правила?
Не мора да имате лист хартија на кој ќе ги имате напишано правилата за пријателство, но очекувајте дека ти и твоите блиски пријатели сепак ќе се држите до некои универзални непишани правила. Ли и Ел ги покрија некои од најважните.
„Kissing Booth“ минатата недела дојде до својот крај, излезе и последното продолжение од триологијата. Апсолутно разочара и сега се прашуваме зошто воопшто го очекувавме со толку ентузијазам. Но, нешто добро што излезе од целата оваа триологија е пријателството за какво што сите можеме да сонуваме, она помеѓу Ел и Ли. Тие се доказ дека машко - женските пријателства постојат и дека не мора секогаш да завршат така што едната личноност ќе се заљуби. Нивното пријателство може на сите да ни биде пример, бидејќи што и да се случи, секогаш на крајот ќе бидат тука еден за друг. Дали во тоа им помогнаа или одмогнаа правилата за пријателство кои ги имаа смислено уште како мали? Кога како. Тоа се правила кои всушност би требало да бидат непишани правила во секое пријателство и би требало сите да се држат до нив. 15-те правила според нив, би требало да изгледаат вака:
1. Единствено твојот најдобар пријател може да знае што си посакал/а како роденденска желба;
2. Никогаш не ги кажува твоите тајни на никој друг;
3. Секогаш помогни му на пријателот кога ќе западне во неволја;
4. Ако не можеш да му кажеш на твојот пријател за нешто што правиш, веројатно тоа не би ни требало да го направиш;
5. Без оглед на тоа колку си лут/а на својот пријател/ка, мораш да му простиш кога ќе ти даде сладолед;
6. Секогаш заедно треба да посакате желби;
7. Пријателите мораат еден на друг да си кажат ако на некој од нив нешто му останало во забот или имаат нешто на лицето;
8. Не смееш да имаш нешто со некој кој е роднина со твојот пријател;
9. Ако некој од вас е болен или многу тажен, другиот има обврска да му однесе ситници кои ќе му го поправат расположението;
10. Ако си му потребен/потребна на твојот пријател/ка, тогаш треба да бидеш тука за него/неа;
11. Секогаш биди среќен/среќна за успехот на пријателот;
12. Секогаш одите во исто училиште;
13. За лошите одлуки нема да се расправате;
14. Ако видиш нешто „вау“, мораш да го споделиш тоа со твојот пријател;
15. Секогаш повикај го пријателот кога ти недостасува.
фото: Imdb / Screenshot