Непосредно пред MTV наградите: Камила Кабељо плаче додека Шон Мендез ја смирува со бакнежи (ФОТО)
Годинешната церемонија за доделување MTV VMA награди најверојатно била многу напната бидејќи ја расплака Камила Кабељо.
Додека е во ресторан со Шон, таа беше видена како плаче, но секако тој знае како да ја смири бидејќи се заедно две години. Сепак, Камила неодамна призна дека пред нивниот прв состанок била многу нервозна па морала да пие текила, иако тие биле пријатели порано!
Двојката беше видена во неделата наутро во ресторан во Менхетен, Њујорк, на бранч, но се чини дека Камила не била во ред.
На фотографиите се гледа дека очите на Камила се полни со солзи додека му го кажува својот проблем на Шон.
Беа лежерно облечени, Камила носеше црна маица, широка тренерка и влечки, а Шон е во обична бела маица со трегери со карирана кошула, фармерки и патики.
Кога Камила ја заврши својата „исповед“, тој точно знаеше како да ја смири и пријде да ѝ даде страстен бакнеж. Сигурно помогнал бидејќи после тоа беа видени како шетаат, насмеани и добро расположени. Подоцна истиот ден, се одржа МТВ ВМА церемонијата на која и двајцата настапија.
ФОТО:Camila Cabello cried while boyfriend Shawn Mendes comforted her when they sat down for a meal at the restaurant Jack's Wife Freda in Manhattan's Soho area on Sunday
— Lilian Chan (@bestgug) September 13, 2021
And it seemed like his smooch did the trick, as the duo was spotted strolling and laughing later that afternoon pic.twitter.com/GERAWN6Ual
извор:famoza.net