Нешто се крчка: Мартија во студиото на Дарко Димитров
Стартот на учебната година секогаш означува нов почеток. Обично тој период се користи за остварување на новите цели, започнување на ново хоби или пак враќање на работните обврски.
Нашата млада пејачка Мартија Стајноковиќ очигледно се води според ова. Таа освен што ја стартуваше новата учебна година, исто така се „фрли“ и на работа.
Имено, вчера на својот Инстаграм профил сподели неколку „сториња“, на кои се гледа дека е во студиото на македонскиот композитор Дарко Димитров. Со ова официјално потврди дека работи на нова музика, а кога ќе може да ја слушнеме останува да почекаме да ни открие.