Несогласувањата траат со години: Како започна војната меѓу Карлеуша и Цеца?

Несогласувањата траат со години: Како започна војната меѓу Карлеуша и Цеца?

Објавена во: Живот // Живот

Пејачките повеќе од 20 години имаат несогласувања...

Сето ова започна откако Карлеуша изјави: „Сите ние сме ку*ви“, а по оваа изјава се огласи Аркан, кој тогаш кажа дека за време на изјавата пејачката била пијана или дрогирана.

Во една емисија Јелена ги прокоментира неговите зборови: „Кому му е гајле, ку*ва за искреноста“.

Војната помеѓу Јелена Карлеуша и Цеца започна и повеќе никој не можеше да ја сопре, а Карлеуша често дополнително ја потпалуваше пишувајќи за Цеца на социјалните мрежи.

Тие две на суд за првпат се сретнаа во 2012 година, две години откако Јелена Карлеуша напиша отворено писмо на својот Фејсбук профил, во кое ги навреди Цеца Ражнатовиќ и Жеjко Ражнатовиќ Аркан, но и ги „поткачи“ тогаш малолетните деца на Цеца, Вељко и Анастасија.

Во 2010 година, Јелена напиша:

„Зарем не беше расипано за вас додека Аркан го плескаше Минимакс, затоа што тој ме бранеше од вас двајцата? Мислам, стоев таму. Вие не се обидовте да го запрете. На ред дојдоа и „Земунците“ и ти на чело на масата, со се идиотскиот шешир. Ги ведреше и облекекуваше - народно кажано - се „ку*чеше“ со тие убијци. Ах, да, немаш ништо со кумот Легија, Звеки, Шиптар ... Фактот што не ти излегуваа од куќата, Боже, имаш право да се дружиш, моја невина“, напиша меѓу другото Јелена.

Потоа, Јелена истакна дека Цеца порачала да се ликвидира поранешното момче на Карлеуша, Чанда и ја зеде правдината во свои раце. Ражнатовиќ најави дека правдата ќе ја бара на суд со цел да се заштити себе и семејството.

„Со години молчам и ја трпев страшната тортура без никогаш да одговорам на нејзините најголеми навреди и лаги. Само еднаш ја тужев споменатата личност и таа доби на суд“ - рече Цеца.

Јелена често знаеше да ги задева децата на Цеца, Вељко и Анастасија, што се случи еднаш за време на роденденот на Анастасија. Во тој момент Цеца целосно го изгуби нервот, и викала низ куќата и се заканувала.

„Оставете ја оваа будала да ми се тргне од грб еднаш. Ова е крај! Сега ќе ја тужам и ќе земам сè што има! Правдата е на моја страна. Како може да ги спомене моите деца? Па, и таа е мајка, има две ќерки. Како може да не се чувствува срам? Како ќе се чувствува утре кога некој ќе го спомене нејзиното семејство? Фактот што ги спомна моите деца скапо ќе го плати. Срамота да и е! Колку лудак е таа" - викнаше тогаш Цеца.

Сепак, ништо не ја потресе Јелена, па таа ѝ порача на Ражнатовиќ преку својот ПР:

„Кажи дека тоа е моја изјава дека Цеца може да ми го ...!“

Ова се само некои од жестоките конфронтации.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: