Нетфликс го објави документарецот за Blackpink: Критичарите со пофалби

Нетфликс го објави документарецот за Blackpink: Критичарите со пофалби

Објавена во: Stars // Филм

Дали веќе го гледавте?

По помалку од две недели по објавувањето на првичниот албум под назив „THE ALBUM“, на Нетфликс пристигна документарниот филм „Blackpink: Light Up the Sky“.

Документарецот започнува со видео од 2016 година, кога издавачката куќа YG Entertainment го најави создавањето на групата Blackpink.

Девојките открија дека ова не им бил најсреќниот дел од животот: На Лиса тешко и паднало тоа што морала млада да го напушти домот, додека Роус дипломатски истакна дека овој дел не донел „среќен вајб“.

Во филмот се гледа и јасно е подреден животот што го воделе додека го подготвувале проектот и сега, кога се интернационално познати ѕвезди.

Покрај тоа што филмот не „гребе“ под површината на организацијата како YG Entertainment, критичарите сепак го оценуваат со позитивни оценки. За обожавателите ова не е потребно да се нагласува.

Филмот од вчера е достапен на Нетфликс во целиот свет.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: