Нетфликс искешира 30 милиони за филмот на Зендаја, кој е снимен во изолација

Нетфликс искешира 30 милиони за филмот на Зендаја, кој е снимен во изолација

Објавена во: Stars // Филм

Нетфликс плати 30 милиони долари за да ги добие правата за светска дистрибуција за филмот „Malcom & Marie“, во кој главните улоги ги играат Зендаја и Џон Дејвид Вашингтон.

Во прашање е филм кој младата актерка го сними за време на карантинот, а изгледа дека нема да се емитува во кината, туку ќе го гледаме само на Нетфликс.

Како што веќе пишувавме, филмот е снимен за помалку од две недели, помеѓу 17 јуни и 2 јули, во куќата Caterpillar, една од најубавите архитектонски градби во Калифорнија. Како што соопшти продукцијата, почитувани се сите безбедносни мерки за заштита од коронавирусот.

Помеѓу останатото, актерите морале самите на себе да си ги местат микрофоните, како и сами да се облекуваат, поради што на снимањето во секој момент можело да има само 12 луѓе.

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="it" dir="ltr">Malcolm &amp; Marie <a href="https://t.co/99RWzgLFbD">pic.twitter.com/99RWzgLFbD</a></p>&mdash; Zendaya (@Zendaya) <a href="https://twitter.com/Zendaya/status/1281005450847064064?ref_src=twsrc%5Etfw">July 8, 2020</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

Целата екипа за време на снимањето престојувала на посебен имот, за да се избегнат сите можност од зараза.

Сценариот на филмот за само шест дена го напиша креаторот на серијата „Euphoria“, Сем Левинсон. Откако снимањето на серијата било прекинато, Зендаја му пишува и го замолила да ѝ помогне.

Иако не се знаат деталите, изворите тврдат дека приказната е слична како онаа во филмот „Marriage Story“.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: