Нетфликс ја објави новата сезона на Круна: Во првата епизода е откриено дали Чарлс сакал да ја симне Елизабета од тронот (ВИДЕО)
Вчера, Нетфликс ја пушти во етер петтата сезона од популарната серија „Круна“...
Заплетот на првата епизода нè носи во 1991 година, во која кралицата Елизабета Втора е обвинета за „недостаток на контакт“ со британското општество, а таблоидите сè почесто повикуваат на „синдром на кралицата Викторија“.
„Неважна, скапа, стара и недопирлива“ - вака е опишана кралицата во првите сцени од петтата сезона на „Круна“. Во 1991 година, 65-годишната Елизабета Втора сè повеќе ги чувствува симптомите на староста, загрижена е за обемот на половината кој почнува да ѝ расте, а чувствува и силна болка во стапалата. Нејзиниот доктор ја советува да поминува повеќе време седејќи, но кралицата го одбива неговиот совет.
Во анкетата претставена во петтата сезона на „Круна“, 47 отсто од британското општество верувало дека кралицата „треба да му го предаде тронот на Чарлс“. Згора на тоа, „88 отсто верувале дека Чарлс би бил добар крал“. Дали во тоа време навстина се барала абдикација на Елизабета Втора? Во таблоидите преовладуваше ставот дека Чарлс станува сè понервозен, бидејќи бара соодветно место за себе, а дискусиите за абдицирањето на кралицата најмногу го окупираат, секако, освен проблемите во бракот.
Првата епизода на „Крууна“ покажува дека наследникот на кралицата - принцот Чарлс не може да ја задржи радоста поради веста дека речиси половина од читателите на весникот ќе ја поддржат адбицијата на неговата мајка. Тој е информиран дека читателите го сметаат за „млад, енергичен и емпатичен“. Јавната поддршка за абдикацијата на кралицата го достигна својот врв во 1990 година, кога речиси половина од Британците, според Ipsos MORI, сакаа таа да му ја предаде власта на Чарлс.