Нетфликс најави дека ова лето излегува нов сладок филм: Замисли да можеш да ги видиш последиците од своите одлуки (ВИДЕО)

Нетфликс најави дека ова лето излегува нов сладок филм: Замисли да можеш да ги видиш последиците од своите одлуки (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Засега филмот делува дека ќе биде многу добар!

Кога би можела да видиш како ќе ти изгледа животот ако донесеш некоја одлука, а како ако донесеш друга, дали тоа би ти го олеснило изборот? Накратко, токму тоа е сценариото на новиот филм на Нетфликс, која само што не пристигнал.

Секогаш сме расположени за слатки и романтични филмови, идеални за опуштање и за поминување на летните ноќи пред телевизор. Наскоро ни пристигнува еден кој задолжително треба да го ставите на листата филмови кои мора да ги погледнете ова лето. Во главна улога е добро познатото лице од „Riverdale“, Лили Рајнхарт, што е секако плус. Филмот се вика „Look Both Ways“ и се знае по нешто за тоа како ќе изгледа сценариото. Засега, звучи навистина супер, особено ако си некој кој сака слатки и женски филмови.

Главниот лик, кој го глуми Лили, може да види како ќе ѝ изгледа животот зависно од тоа која одлука ќе ја донесе и кој животен пат ќе го одбере. Едниот пат е да остане бремена и како млада девојка да се снаоѓа во мајчинството во својот роден град или може да се посвети на кариерата од соништата и да биде деловна жена во Лос Анџелес.


Што ќе одбере? Двата избори имаат свои предности и недостатоци и во потполност се различни. Иако тоа се двете работи кои ги сака, во ниту една опција ги нема двете. Филмот изгледа малку поинаку од стандардните романтични комедии кои ги гледаме, што е голем плус, бидејќи сигурно е тешко да се дојде до некоја нова идеја во овој филмски жанр, а тоа да изгледа добро. Според реакциите на луѓето на трејлерот, изгледа дека успеале во тоа. Трејлерот е полн со позитивни реакции. Добрата вест е дека филмот пристигнува ова лето, а лошата вест е дека ќе мора да чекаме до 17 август.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: