Неверојатен потег: Професорка предава Анатомија во костим со човечки органи
Вероника Дуке е 43 - годишна професорка која реши да ги ангажира своите ученици на едно повисо ниво и на часот по Анатомија се појави во костим со човечки органи, кој има неверојатни детали.
„Предавам веќе 15 години“ - вели Вероника. „Предавам природни и социјални науки, уметност, но и Англиски и Шпански јазик“.
Во моментот, таа учи третоодделенци и постојано бара идеи како часовите да ги направи поинтересни. „Пребарував на Интернет кога ми се појави реклама со костимот за капење на Алиекспрес. Знаејќи колку е тешко за децата кои се толку млади да ги визуелизираат внатрешните органи, мислев дека е вредно да се испроба“ - истакнува оваа неверојатна професорка.
По објавувањето на неколку фотографии од страна на нејзиниот сопруг, Вероника веднаш стана вирална. На објавата има над 65 илјади лајкови, а овој твит ја направи симбол на креативноста и посветеноста. Но, ова не е завршено, бидејќи оваа наставничка има уште многу начини како да ги изненади своите студенти.