Неверојатна сличност: Дамиано Давид ги освои жените, но ни неговиот брат не ги остави рамнодушни
По победот на Евровизија, на Италијанецот популарноста секојдневно му расте, а сега ви откриваме како изгледа неговиот брат...
22 - годишниот Дамиано Давид е фронтменот на групата „Манескин“ која победи на овогодишната Евровизија, која беше одржана во Ротердам.
Поради бројните тетоважи, високи потпетици и шминка, харизматичниот Италијанец не престанува да го привлекува вниманието.
Меѓутоа, помалку познато е дека Дамиано има и брат, Јакоп Давид. Физички многу личат, двајцата преферираат долги коса, високи се и имаат продорен поглед.
На Инстаграм може да се види дека Јакоп има девојка, а на една фотографија позира со Дамиано и легендарниот фудбалер Франческо Тоти.
За разликата од познатиот брат, судејќи по социјалните мрежи, Јакоп води мирен и повлечен живот и нема скандалозни фотографии.