Неверојатно искуство: Продале сè за да ги однесат децата на пат околу светот
Кејти Скелтон (38) и нејзиниот сопруг Пол (42) откриле дека им е доста да ги прават
работите што другите ги очекуваат од нив и дека сакаат да им подарат на своите
деца нешто што никогаш не го имале и го сметаат за единствена можност во
животот.
И покрај фактот дека постигнале успех во кариерата, но и во семејството, Кејти Скелтон (38) и нејзиниот сопруг Пол (42) донеле одлука со која драстично им се променил животот и ја шокирале околината. Имено, овие родители на две деца решиле да продадат се‘ што имаат, а тие пари да ги потрошат на уникатно патување низ светот, пренесува The Sun.
Пред две години оваа двојка излезе со идеја да оди на пат со децата, тие сакале да им ја дадат таа можност.
- Ни беше доста да ги правиме работите што се очекуваат од нас - да работиме 12 часа на ден и да се грижиме за децата. Сакавме нешто поразлично - рекоа тие.
За да го постигнат ова, Кејти зела неплатен одмор од работа додека Пол морал да даде оставка. Тие ја продале куќата, два автомобила, мебел и повеќето детски играчки и облека.
Сите биле воодушевени
Останале со душеци, постелнини, зимска облека и албуми со фотографии што им ги однеле на своите родители.
- Сепак, ова беше можност еднаш во животот. Чувствувавме големо олеснување кога ги продадовме сите работи. Амбер плачеше за некои играчки, затоа се чувствувавме малку виновни, но сега сè е во ред - вели Кејти.
Реакциите на околината на нивниот план биле поделени - некои велеле дека го „фрлаат целиот труд во кариерата“ на ветрот, додека други биле возбудени поради нив.
Целата ситуација била олеснета од фактот дека децата сè уште не одат на училиште - ќерката имала 3 години, а синот една.
- Покрај тоа, од парите добиени од продажбата на куќата, ставивме настрана околу 25 илјади фунти така што сè уште ќе имаме пари кога ќе се вратиме за некои непредвидливи ситуации - рече двојката.
Најубавото искуство
Тие патувале по источниот брег на Америка, Канада, Костарика, Флорида, Хаваи, Австралија, Нов Зеланд, Маурициус и Париз. Во сите земји тие престојувале во станови. Го посетиле Дизниленд, пливале со ајкули и желки, виделе разни планини, плажи и океани ...
За жал, се случиле и некои помалку убави ситуации. Вилијам бил каснат од шкорпија, понекогаш децата биле нервозни, Пол и Кејти се карале и поради корона вирусот морале да се вратат дома три месеци порано. Без оглед на сите ситуации, тие велат дека патувањето низ светот ги зближило и ги поврзало како семејство.
Фото: The Sun/Katie Skelton