Неверојатно: Многумина не веруваат во она што го прави Ким Кардашијан во оскудно бикини
Реалити ѕвездата
Ким Кардашијан учи со полна пареа. Таа има голема желба да стане адвокат, а
треба да полага правосуден испит следната година.
Ким сега објави фотографии од нејзиниот луксузен дом. Позираше во оскуден костим за капење, а пред неа имаше книги, лаптоп и хартии.
„Учење на сонце“, напиша реалити ѕвездата до провокативните фотографии.
Некои од нејзините следбеници ја коментираа нејзината фигура, а други се шегуваа за начинот на нејзиното учење:
„Како Ел Вудс“, „Ова е знак дека треба да се вратам на училиште“, „И јас учам вака облечена“, се само некои од коментарите.
„Учиш во костим за капење? Никогаш не сум изгледала така над книга", и напишаа.
Следбениците беа изненадени што Ким носеше сандали од модната марка Yeezy, сопственост на нејзиниот поранешен сопруг Кание Вест.
„Повеќе не сте заедно и ги носиш неговите чевли? прашаа нејзините придружници, но Ким не одговори на провокациите.
Фото: Инстаграм