НЕВЕРОЈАТНО: Зак Ефрон каков што досега не сме го виделе!

НЕВЕРОЈАТНО: Зак Ефрон каков што досега не сме го виделе!

Објавена во: Stars // Филм

Сите сме навикнати дека Зек Ефрон глуми во комедии и мјузикли, но изгледа дека актерот одлучи малку да порасне и да се уозбили, кога е во прашање кинематографијата.

Имено, Зек ќе го глуми шармантниот и атрактивен убиец Тед Бунди, во филмот „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“.

За оние кои не знаат, Тед бил сериски убиец кој во седумдесетите години на минатиот век уби над 30 жени. Бил познат по шармот и убавиот изглед.

Овој филм ја следи приказната на овој убиец низ призмата на неговата девојка, Елизабет, која во филмот ќе ја глуми Лили Колинс. Филмот се фокусира на нивната врска, која траела за време на убиствата на Тед.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: