Невестата има посебни детали за венчавката: Први фотографии од свадбата на Бојана Родиќ и Мирко Шијан

Невестата има посебни детали за венчавката: Први фотографии од свадбата на Бојана Родиќ и Мирко Шијан

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Убавата Бојана Родиќ објави романтична фотографија пред свадбата со Мирко Шијан, синот на Гоца Божиновска

Имено, Бојана пред свадбата на социјалните мрежи покажа што се случува во куќата во Сурчин. Таа постави фотографија од букет бели рози пред прозорецот и ги воодушеви сите.

Инаку, белите рози се познати како невестински рози и се традиционални свадбени цвеќиња. Во оваа смисла, тие го претставуваат единството, доблестa и чистота на новиот брак, а воедно се и симбол на љубовта за младите, што дополнително ги прави идеални за венчавка. Букетот на невестата често се состои од бели рози и други бели цветови.

Имено, Бојана веќе има еден син со Мирко, а другиот е на пат, но денеска и официјално ќе го каже судбоносното „да“ пред Бога. 

Гостите веќе почнаа да пристигнуваат, а на вратата се гледа младоженецот како ги пречекува, додека пак капијата традиционално е украсена со бели балони, но и рози, во иста боја.

Во меѓувреме пристигнаа трубачите, а Шијан цело време игра покрај нив, и им лепи пари.

Судејќи според расположението на гостите, нема сомнеж дека ова ќе биде свадба за паметење која ќе трае до крајот на ноќта.

Дел од атмосферата преку фотографии можете да погледнете на следниот ЛИНК


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: