Невиден скандал поврзан со Селена Гомез: Серијата ја исмеа нејзината трансплатацијата на буберг

Невиден скандал поврзан со Селена Гомез: Серијата ја исмеа нејзината трансплатацијата на буберг

Објавена во: Stars // Филм

Често констатираме дека во денешно време секој лесно е мета на навреди, но дури и за нашите стандарди, она што се случи во серијата „Save By the Bell“ е навистина многу навредливо. Имено, авторите на серијата во сценариото внесоа детали од трансплантација на бубрег на Селена Гомез, што не би претставувало проблем, доколку истото не беше изведено на многу невкусен начин.

„Save By the Bell“ е култна тинејџ ситкомедија која неодамна е „оживеана“, но се прашуваме зошто сценаристите мислеа дека исмејувањето на Селена која за малку ќе умреше за време на тешката операција, ќе биде хит. Селена беше мета два пати, а во првиот случај, тоа се случи во разговор со два студенти кои се препираа околу тоа кој ќе ѝ донира бубрег на Селена, пишува People.


„Знам дека е факт дека на Селена бубрег и даде мајка му на Џастин Бибер“ - вели едната и додава: „Боже би сакала да имам телефон за да го докажам тоа“. Другиот лик на тоа одговара: „А, што да ми докажеш? Тоа беше бубрегот на Деми Ловато. Тие се најдобри другарки... како што бевме ние.“ Секако и Џастин Бибер и Деми Ловато се болни теми за Селена Гомез, која одамна го прекина скеој контакт со нив.


За жал, тоа не беше сѐ, па во текот на истата епизода на ѕидот од училиштето може да се види графит со многу невкусни зборови, „Дали Селена Гомез воопшто има бубрег?“. Обожавателите на Селена го запалија интернетот кога видоа што се случува, а притисокот беше толку неиздржив што компанијата која ја емитува оваа серија мораша да се огласи.

„Се извинуваме. Нашата идеја не беше да го исмејуваме здравјето на Селена“ - стои во соопштението. „Зборувавме со нејзиниот тим и ќе донираме пари во нејзината фондација, Fond Selena Gomez за истражување на лупус“. Селена изгледа не сака да се огласи на оваа тема, бидејќи веќе одамна е навикната да трпи вакви навреди. Не се сомневаме дека тука немаше желба за намерно да се повреди Селена, но кој и да го смислил ова сценарио, навистина не размислувал воопшто.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: