Нежен бакнеж и романтична атмосфера: Ќерката на Харис Џиновиќ го прослави 18-от роденден покрај момчето

Нежен бакнеж и романтична атмосфера: Ќерката на Харис Џиновиќ го прослави 18-от роденден покрај момчето

Објавена во: Совети // Семејство

Џина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелиса Џиновиќ, го полнолетството го прослави во друштво на своето момче, кое е познат фудбалер...

Пејачот Харис Џиновиќ е татко на две деца - Џина и Кан, а неговата ќерка изминатите години стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.

На Инстаграм има повеќе од 50.000 следбеници, а таа секојдневно споделува фотографии кои даваат увид во нејзиниот живот и стил. Сега одлучи со следбениците да сподели дел од атмосферата од прославата за нејзиниот 18-ти роденден.

Младата инфлуенсерка откри дека роденденот го прославила во друштво на своето момче, инаку млад фудбалер од Црвена Ѕвезда, Андреј Ѓуриќ. Парот позираше покрај малата торта, украсена со свеќички и златен број 18, а покрај роденденската торта, падна и нежен бакнеж.

Џина од своите следбеници доби многу честитки, а преку Инстаграм им се заблагодари на сите за убавите желби.

„Не можам да стигнам да ви одговарам на сите, но благодарам за честитките“ - порача славеничката.

Инаку, Харис не е воодушевен од активностите на неговата ќерка на Инстаграм и ТикТок, особено поради нејзините посмели фотографии, а истакнува и дека не може да ѝ забрани на Џина да ги користи социјалните мрежи.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: