Ни Вилијам, ни Чарлс, а ни Елизабета: Еве со кој се виде принцот Хари во Лондон кога излезе од карантин
Принцот Хари допатува во татковината, но кога му заврши петдневниот карантин, тој не го посети своето најблиско семејство...
Војвотката од Сасекс, принцот Хари стигна во Велика Британија по повод откривањето на статуата на принцот Дајана, но претходно мораше пет дена да биде во карактин.
Меѓутоа, кога излезе од карантин, како што се наведува, не ги посети својот брат, татко, а ни баба. Да потсетиме, Вилијам по нивната средба имаше многу сурови зборови за Меган Маркл, сопругата на Хари.
Тој, всушност се придружи на прославата на добротворната организација за деца „WellChild UK“. Во средата стигна на доделувањето на наградите и на приватната забава во лондонскиот „Kew Gardens“.
„Војводата од Сасекс се сретна со секој победник и лично му честиташе на наградата. Војводата неформално поразговара со добитниците на наградите „Well Child Awards“ и дозна како ги преживеале изминатите 18 месеци со семејството, но и каква поддршка добиле од „WellChild“ заедницата.“ - се наведува во соопштението на оваа организација.
Хари на забавата најмногу се дружеше со пејачот Ед Ширан и пејачката Ан Мари, како и со другите познати личности.
"Now as a father of two, I feel all the more connected, inspired and in awe of the resilience of these families, who power through indescribable challenges with the support of WellChild." - The Duke of Sussex
— WellChild (@WellChild) June 30, 2021
Find out all about the #WellChildAwards @gsk: https://t.co/P1nZDT9w8N pic.twitter.com/7qwKcLBO9O