„Ние се сакаме, а ако е со неа нека му е среќно“: Драмата на Гудељ, Анастасија и фаталната Србинка за која сите зборуваат
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ од вчера се во центарот на вниманието на јавноста, откако беше објавено дека чекаат бебе
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ ќе станат родители кон средината на септември, а исто така беше откриено дека во нивниот дом доаѓа девојче. Наследничката на Цеца Ражнатовиќ е во четвртиот месец, а добрата вест дојде по една година љубов со фудбалерот.
Немања Гудељ уште пред да стапи во врска со Анастасија беше тема на медиумите поради неговата наводна романса со пејачката Сања Вучиќ. Со месеци се пишуваше дека двајцата се во врска, а фудбалерот ја оставил поради Анастасија.
„Сања никогаш отворено не зборуваше за врската со Немања, но навистина го сакаше. Им беше тешко да одржат врска на далечина. Никогаш официјално не ја прекинаа врската, ниту се скараа, само се оддалечија. Сања дознала дека има нова девојка од медиумите и тоа многу ја налутило. Иако е свесна дека официјално не биле пар, имале чуден однос, ѝ било криво што не слушнала од него. Сè се случи брзо, Анастасија навистина се заљуби, а и Немања. Иако се познаваат само кратко, тие се однесуваат како цел живот да се заедно“, тврдеше минатата година извор од весникот „Свет“.
Кога се дозна дека Гудељ е во врска со Анастасија, Сања се огласи и изјави дека тие двајца се само пријатели и дека сè уште имаат таков однос.
„Сега не можам да дадам конкретен коментар, секогаш сум велела дека сме биле пријатели кога не поврзувале. Сè уште сме пријатели. Ќе останеме пријатели, се сакаме. Ако се заедно, можам да им посакам среќа и нека им треа љубовта. Само нека се сакаме“, изјави тогаш Сања, која сега има ново момче.
Анастасија Ражнатовиќ моментално престојува кај Немања во Севиља, каде има професионален ангажман, а каде пејачката со месеци го поминува најголемиот дел од своето време.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs