Ние сме како едно битие: Шон Мендес за врската со Камила во карантин

Ние сме како едно битие: Шон Мендес за врската со Камила во карантин

Објавена во: Stars // Музика

Шон Мендел и Камила Кабелјо се еден од најромантичните млади парови на светската музичка сцена - нивната приказна е преслатка, бидејќи со години верувавме дека тие се само најдобри пријатели, но хемијата на снимањето на песната „Señorita“ во нив разбуди нова страст, која очигледно никогаш не згасна, иако во медиумите се пишуваше дека тие двајца повеќе не се заедно. Камила веќе се огласи со цел да ги побие озборувањата, а тоа го направи и Шон во едно интервју.

Шон не ја видел Камила веќе некое време, бидејќи таа го снима новиот римејк на „Пепелашка“ далеку од него, но љубовта е толку присутна што Шон ги брои деновите! „Не сме се виделе еден месец и две недели. Наскоро се враќа и тоа е лудило, бидејќи кога девојката ти е лудачки талентирана, се плашиш дали воопшто да пишуваш покрај неа. Таа секогаш ќе каже доколку нешто не е во ред. И доколку не си сосема задоволен, нема смисла да ѝ го испратиш тоа. Таа беше шампион на овој албум, ме бодреше кога мислев дека некои концепти кои ги следев се лоши“ - открива Мендес за тоа колку важна улога имала Камила во карантинот.

Шон се заблагодари на Инстаграм за големата поддршка која ја има за новата песна „Wonder“, која Камила ја слушнала помеѓу првите, па му помогнала и музички. „Таа прва ја слушна „Wonder“, беше околу мене додека ја пишував. Беше забавно, бидејќи јас го работев своето, а таа своето во исто време, а повторно се чувствувавме како да сме едно битие. Динамиката сосема се менува кога и твојата девојка е музичар и автор и тоа е неверојатно, имаш две опции во тој случај. Да се плашиш или да побараш корисен совет“ - вели Шон, а од неговите зборови се гледа  дека во нивниот однос е присутна несебична љубов.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: