Ние сме трансроден пар од Индија: Процесот на промена на полот и двајцата го прекинавме кога посакавме бебе, семејството се откажа од нас (ВИДЕО)

Ние сме трансроден пар од Индија: Процесот на промена на полот и двајцата го прекинавме кога посакавме бебе, семејството се откажа од нас (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Зија Павел беше маж кој го започна процесот на промена на полот, додека Захад беше жена која одлучи да почека додека не роди бебе пред самата промена на полот.

Се проценува дека Индија има околу 2 милиони трансродови луѓе, иако се верува дека бројот е многу поголем. Во 2014 година, Врховниот суд на Индија пресуди дека сите тие имаат исти права како и другите луѓе. Сепак, членовите на ЛГБТ заедницата и трансродовата популација сè уште се сметаат за нееднакви во однос на образованието и здравствената заштита. Зија Павал (21) и Захад (23) се во процес на промена на полот. Зија, која сега се претставува како жена, всушност е родена како маж, додека Захад е родена како жена, а потоа започнал процес на трансформација во маж. Овој пар се запознал пред 3 години и започнал љубовна врска. Круната на љубовта е бебето што го чекаат.

Захад е гордиот татко на бебето, поточно тој ќе биде татко во очите на своето дете, но дотогаш Захад е биолошки родена жена која забременила со Зија, која сега е женско, но биолошки родено машко. Едноставно, тука улогите се обратни. Захад сака да се смета за маж во иднина, додека Зија сака да се смета за жена. Очигледно е, меѓутоа, дека во моментот на зачнувањето улогите биле сменети, така што Захад е таа што е бремена. Зија толку гордо споделува фотографии од својот труднички стомак на Инстаграм, а коментарите се многубројни, но главно забранети за гледање.

Пред година и пол, парот реши привремено да престане да зема хормонска терапија за да ја исполни својата улога како родител. Јајниците и матката на Захад сè уште не се извадени, а по совет на лекарот, тој престанал да зема хормонска терапија, како и Зија. Резултатот од сето ова е што Захад остана во благословена состојба. Тој сака да има бебе, а потоа да продолжи со хормонска терапија како и целосна промена на полот, исто како Зија.

- Потекнувам од конзервативно муслиманско семејство кое никогаш не ми дозволи да научам класичен танц. Моите родители беа религиозни до тој степен што ми ја шишаа косата за да не танцувам. Излегов од дома за да учествувам на младински фестивал и решив никогаш да не се вратам. Научив танц во центар за трансродови луѓе, а сега учам студенти во блискиот кварт - објаснува Зија, а пренесува Би-би-си.

Неговото семејство се одрече од него кога тој јавно се прогласи за трансрод и реши да стане жена. Захад, од друга страна, е сметководител кој потекнува од рибарско христијанско семејство и сега работи во супермаркет. Неговото семејство, исто така, се одрекло од Захад кога тој изразил јасна желба да го промени полот и да стане маж, но неговото семејство не останало со ладно срце дури и откако тој навистина забременил.

- Мајката на Захад ја прифати неговата бременост, само не замоли никаде да не објавуваме. Затоа веста за неговата бременост ја објавивме дури минатата недела, откако неговата мајка конечно ја прифати. Од друга страна, моите родители никогаш не го прифатија фактот дека не се чувствувам како маж и дека сакам да бидам жена, па сега за сега ја имаме поддршката само од семејството на Захад. Тоа е единственото што ни овозможува да преживееме. Многу е тешко финансиски, поради нашата терапија и сите трошоци, па едвај врзуваме крај со крај, буквално преживуваме. Штом Захад ќе се породи, по 2 месеци ќе треба да се врати на работа во маркет, а јас ќе останам дома да се грижам за бебето, додека подоцна планирам да ги удвојам часовите по танц за да преживееме - објаснува Зија.

ФОТО: Instagram/Deepa Rani Sivankutty


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: