Никако да престане да се бламира: Ким Кардашијан не знае како изгледа снегот?!
Членовите на кланот Кардашијан - Џенер се веќе познати по бизарните инциденти, но Ким Кардашијан ги крена работите на едно ниво повисоко! Имено, таа на својот Инстаграм сподели фотографија на која вели дека во нејзиниот град паѓа снег, иако е сосема јасно дека не е така!
Ким Кардашијан живее во познатиот Калабасас, каде престојуваат голем број други sвезди. Оваа населба се наоѓа во Калифорнија, каде снегот навистина ретко паѓа поради високите температури. Сепак, досега бевме прилично сигурни дека Ким знае што е снег, затоа што често одеше на планина на одмор.
Имено, Ким на својата Инстаграм сторија објави фотографија со која напиша коментар „Снег во Калабасас“. Иако бетонот на сликите е навистина бел, сите веднаш сфатија дека ова никогаш не може да биде снег! Без оглед на тоа што сите веднаш и рекоа дека е град, таа продолжи да се срами, па објави видео од кошаркарското игралиште како што рече: „Добро, ова е лудо луѓе, вее снег во Калабасас. Не знам дали го гледате тоа, но ова е апсолутно лудо. Како е можно ова?“
Па, Ким, не е можно! Дури и кога го зеде градот во свои раце, таа сепак рече дека е снег, иако е сосема јасно дека станува збор за мали парчиња мраз, пренесува Дејли меил. Нејзината помлада сестра Клои се покажа како многу попаметна, па точно ја идентификуваше оваа временска појава на стори на Инстаграм, а ниту Кендал не направи таква грешка. За среќа, и Кајли ја избегна целата ситуација, бидејќи и онака е постојано под напад!
Кога Ким сфати како се избламира, ги избриша контроверзните сториња и објави ново каде на шега вели: „Ако сте од Калифорнија, тогаш ова го нарекувате снег, а не град! Луѓе, не сум метеоролог. Никогаш не го ни тврдев тоа. Знам дека променив 30 работни места, но ова не е едно од нив.“