Никогаш не би кажале дека ќе „тверка“: Били Ајлиш најави нова ера во која не го крие своето тело
Нејзините видеа се секогаш различни и посебни, а со последното заплива во некои сосема нови води...
И додека некои се воодушевени затоа што нејзиниот спот е одличен и може да се види дека Били добро се забавувала работејќи на овој проект, други се разочарани затоа што се навикнати Били да е поразлична, дека нејзината музика е поинаква, а не само уште една поп-песна.
Били беше и режисер на ова видео, што истото го прави малку поспецијално. Ова е видео запис за песната „Lost Cause“, кој излезе пред неколку дена. Различен е од сите спотови што сме ги виделе досега од Били и целата вибрација еповеќе во поп. Покрај тоа што ја намали количината облека и ненадејно скока во гаќички, што не им се допадна баш на сите, таа во видеото танцува повеќе од вообичаеното, а во кореографијата е вклучено и тверкање.
Многу луѓе се согласија дека ги потсетува на видеото на Бијонсе за „7/11“ - и двете се забавуваат во стан со еден куп девојки и изгледа како забава по пижами. Били на видеото изгледа среќно и се чини дека добро се забавува, а исто така „пука“ од самодоверба. Додека има дежурни хејтери кои тврдат дека видеото е лошо и дека Били се „продаде“, повеќето сепак се согласуваат дека сè е ниво, од песната до видеото. Бројот на лајкови и прегледи го потврдуваат тоа!