Никогаш не била попровокативна: Анастасија Ражнатовиќ во кожено издание на кое нема да останете рамнодушни (ФОТО)
Младата пејачка повеќе откри, отколку што сокри...
Анастасија Ражнатовиќ очигледно е решена дека многу работи треба да промени во својата кариера, откако го одржа својот прв настап. Имено, пејачката на својот Инстагрма профил покажа како се подготвува за нови победи и тоа на многу провокативен начин.
На себе имаше само кроп топ и шорц, а двете парчиња облека се направени од кожа. Исто така, на нозете имаше чизми во иста боја и од ист материјал, а малку работи остави на фантазијата.
Пејачката откри дека оваа комбинација ја носи на себе за потребите на новата фотосесија, но не е познато за што станува збор.
Но, како и да е привлече големо внимание, а нема сомнеж и дека финалните фотографии наскоро ќе ги видиме на нејзиниот Инстаграм профил.
фото: Принтскрин / Инстаграм