Никогаш не е доцна: Јасминка има 75 години, а следната година планира да дипломира!
Моментално има 75 години живот. По 40 години стаж во една лабораторија и по завршините студии, одлучила сега да започне повторно. Нема откажување од тоа што таа го сака, па затоа запишала додипломски студии. По завршувањето на истите, запишала и постдипломски студии, а ништо од ова не би се случило доколку Јасминка нема ведар дух, не е насмеана и подготвена за нови предизвици и шеги. Сопругото вели, дека и најголема поддршка. „Не е ништо чудно. И многу мои колешки не се чудеа бидејќи отсекогаш сакав да учам. Значи јас на 76 ако даде Господ ќе дипломирам и ќе станам магистер за религиозни науки“ - вели Јасминка. „Пријателката ми вели дека сум се запишала на факулет за сопругот мој да има студентка, а не пензионерка“ - шеговито додава 75 годишДната студентка.
Додека таа се дружи со девојки во раните дваесетти, нејзините врснички главно водат друг живот. „Јас сметам дека во некои години сфаќате што навистина ве интересира. Јас на свои 26 години и понатаму не знам што ќе правам со својот живот“ - раскажува Беатричи, колешка на Јасминка. Јасминка освен колегите, ги импресионирана и професорите. „Ретко изградени личности повторно стануваат студенти, но кога се случува тоа секогаш се помеѓу најдобрите. Два до три слуеви кои ги имав беа неверојатни, вклучувајќи ја и госпоѓата Јасминка“ - вели академик Мислав Јежиќ, кој е нејзин професор. „Прецизна е, кога и да имавме колоквиуми и испити, таа доаѓаше и полагаше, па е доволен доказ дека и во тој период од животот може да се биде беспрекорен“ - додава проф. д-р. Иван Копрек, декан на Филозофскиот факултет и Факулетот за религиозни науки.
„Некогаш со задоволство би останала дома да спијам...но се мислам, па ти тоа сама го сакаше“ - вели Јасминка. Имало луѓе кои и велеле дека напразно си го троши времето, но таа имала подготвен одговор и за нив. „Им кажав дека тоа едноставно ме радува. Не ми е гајле. Тоа е мој избор“ - завршува Јасминка.
Извор: dnevnik.hr
Фото: dnevnik.hr