Никогаш нема да бидеш позната: Пронајдена е групата во која врсници ја исмевале девојката која денес е мега - ѕвезда
Таа е првата жена во историјата која во иста година освои награди на Оскарите, Греми, Златен глобус и на BAFTA (Британската академија за филмски и телевизиски уметности), а не толку одамна беше и мета на врсниците на кои им беше смешно тоа што таа мечтае за популарност...
Овие денови, Стефани Џерманота, попозната како Лејди Гага, го снима филмот „House of Gucci“, во кој ја глуми Патриција Реџијани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи и жената која го нарача неговото убиство. Во прашање е улога која бара многу, а никој не се сомнева дека оваа музичка ѕвезда одлично ќе се снајде - со филмот „A Star is Born“ ни покажа и дека е навистина талентирана актерка, додека како пејачка, композиторка, танчерка и уметник одамна се покажа.
Меѓутоа, неодамна е откриено дека додека Лејди Гага била студент, на социјалната мрежа Фејсбук постоела група наречена: „Стефани Џерманота, никогаш нема да бидеш позната“, на чија профилна фотографија насмеаната Гага е прецртана. „Талентирана? Не“ - пишува на фотографијата.
Новинарката Лорен Бон пред извесно време се потсети дека оваа група е направена во времето кога Фејсбук беше на своите почетоци, дека имала 12 членови и дека нејзините членови пишувале дека Стефнаи Џерманота, која денес ја знаеме како Гага, се обидева да го привлече вниманието.
И самата пејачка во една прилика раскажа дека била мета на насилници и дека не се вклопула во ниту една група за време на училиштени денови.
„Имав веѓи како Евита“ - рече таа за „Rolling Stone“ во 2011. „Користев производи за самопотемнување, па имав многу интензивен тен и луѓето се прашуваа: 'Зошто си толку портокалова? Зошто косата ти е таква?'“
Како што истакна, овој период навистина ѝ бил тежок.
„Ме нарекуваа к***а, ме нарекуваа вака, ме нарекуваа онака... Некогаш не сакав да одам на училиште“ - искрена беше Гага.
Кога беше објавено дека нејзините врсници направиле група наменета за исмејување на пејачката и нејзините желби да се оствари во светот на музиката, тоа предивика бурна ракција од страна на обожавателите на Гага на социјалните мрежи, а многумина беа среќни што омаловажуваната девојка денес е една од најголемите музички ѕвезди.
„Овие 12 членови ме насмеаја до солзи. Не сте можеби ниту да мразите ефикасно“, „Замислите да сте луѓето кои кажале дека Лејди Гага нема да биде позната, тоа е навистина блам“, „Требало да ги повика сите 12 на доделувањето на Оскарите“ - ова се само некои од коментарите на обожавателите на Гага.