Никогаш нема да ја видите во високи потпетици, ама затоа има патики од кои боли глава: А, само да ја видите цената (ВИДЕО)
Го одбра својот фаворит, но откри и кои се најнедоубни...
Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ, освен со музика се занимава и со јутјуберство. Имено, по паузата од неколку месеци, евровизиската победничка се врати посвежа од било кога и почна да споделува видеа од своите нови авантури.
Во еден од последните влогови, таа реши да покаже дел од својата колекција патики, или како што кажа самата, да ги покаже оние кои моментално ги има во својот стан. Од „Nike“ до најлуксузни дизајнерски патики (кои чинат и по скоро 1.000 долари), во нејзината колекција има буквално сè.
Откри кои ѝ се најудобни, кои претпочита да ги носи кога спортува, кои ѝ се омилени, но и кои патики од нејзината колекција ѝ се најнеудобни.
фото: Притнскрин / Јутјуб