Никогаш видена фотографија од Аркан и Анастасија: Ражнатовиќ ги растажи сите на денот на роденденот на Аркан
Доколку беше жив, денес Аркан ќе наполнеше 70 години, а по тој повод се огласи неговата ќерка Анастасија...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава која ја посвети на својот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан ги растажи сите.
Имено, доколку беше жив, денес Аркан ќе наполнеше 70 години, а по тој повод се огласи неговата наследничка.
Анастасија на својот Инстаграм профил сподели стара фотографија од детството, на која Аркан ја прегрнува и ја бакнува.
„Среќен роденден тато“ - напиша Ражнатовиќ, покрај фотографиите.
Пејачката претходно објави и видео од детството, во кое е подвлечена нејзината изјава од една емисија во која зборуваше за покојниот татко.
„Јас него често го сонувам и во тие соништа секогаш тој се појавува на еден ден“ - кажа таа порано, а овие нејзини зборови го следеа емотивното видео.
фото: Принтскрин / Инстаграм