Никој не ја осудува поради генијалната идеја: Мајка ја тера 7 - годишната ќерка да работи и плаќа сметки
Во кој период децата треба да дознаат за вредностите на парите? Па, една мајка верува дека седум години е точен одговорот.
Во видеото кое Фелиција го сподели на социјалната мрежа ТикТок оваа мајка објаснува дека ја тера својата 7 - годишна ќерка да работи за да заработи пари, а од парите кои ги заработува да ги плати сметките.
Видеото има повеќе од 6,6 милиони прегледи и 1,6 милиони лајкови.
„Секоја недела мојата ќерка има список со обврски. Доколку тие обврски ги завршува секојдневно, таа на крајот од неделата ќе добие 7 долари.Од неа се бара да ги плаќа смеките за живот во куќата. По еден долар за храна, вода, струја, интернет и кирија, па така таа вкупно плаќа 5 долари за сметки. Останатите 2 долари кои ѝ остануваат може да ги задржи и заштеди или потроши“ - вели Фелиција.
@feliciaraefarley they just don’t teach this stuff anymore ##mothersofchaos ##momlife ##momthings ##parentinghack
Aesthetic Girl - Yusei
Фелиција потоа објасни дека парите што ги зима за сметки, ги става на штедната книшка на ќерката. Кога ќе наполни 18 години, ќе може да добие пристап до своите пари, ќе сфати дека сама ги заработила и ќе ја сфати вредноста на парите.
Многу корисници на оваа социјална мрежа во коментар ја декларираа оваа идеја како „генијалнаа“ и истакнаа дека парите се нешто за што би сакале да дознаваат уште во детството. Секако имаше и такви кои го критикуваа нејзиниот избор за толку мало девојче да преземе таква одговорност.