
Никој не ја забележа витката фигура на Бела Хадид поради нејзините невообичаени влечки: Модна катастрофа или совршено парче?
Бела Хадид се појави во чевли кои никого не оставаат рамнодушен.
Манекенката Бела Хадид се појави во опуштена комбинација и ја покажа својата витка фигура, како и тесниот струк истакнат со нејзината бела маичка.
Таа го покажа своето уникатно чувство за мода додека шеташе во Њујорк, па нејзиниот избор беше бел кроп топ и тексас панталони. Комбинацијата сакаше да ја истакне со интересен пар разнобојни, текстурирани кломпи од Сајмон Милер.
фото:THEIMAGEDIRECT.COM / THE IMAGE DIRECT / PROFIMEDIA
Нејзиниот кроп топ беше доста интересен бидејќи има кратки ракави и широко деколте. Бела под него не носеше градник, ниту пак додаде ланче. Ребрестиот дизајн по долната половина на топот му дава посебна димензија, а како што веќе спомнавме се истакнува и нејзиниот тенок струк. Носеше и рамни индиго фармерки со кожен кафен појас. Меѓу комплетниот стајлинг се истакнаа нејзините чевли, па сите ги коментираа нејзините влечки со детали од сина, зелена и портокалова боја, кои ги носеше со бели чорапи.
фото:THEIMAGEDIRECT.COM / THE IMAGE DIRECT / PROFIMEDIA
Таа ги заштити очите од сонцето во кафени правоаголни очила за сонце. Покрај тоа, таа носеше комплет обетки со син камен во средината.
Како ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?
Можеби ќе ве интересира:
