Никој не очекуваше: Прославата за 40-от роденден на Меган Маркл го прекина изненадување од Британија

Никој не очекуваше: Прославата за 40-от роденден на Меган Маркл го прекина изненадување од Британија

Објавена во: Живот // Живот

Роденденот на Меган Маркл оваа година е посреќен од било кога...

На официјалните профили на кралицата Елизабета на социјалните мрежи утрово можеше да се забележат честитките за Меган Маркл. „Среќен роденден на војвотката од Сасекс!“ Кратко, но слатко. И малку неочекувано.


Сопругата на принцот Хари денес полни четириесет години, и ако прославува, тоа ќе биде далеку и од Лондон и од кралското семејство. Тие се на одмор до крајот на септември, но нема да одат подалеку од својот дом во Санта Барбара. Со две мали деца, сигурно им е повеќе од забавно, секој ден. Но, како што дознаваат британските медиуми, на забавата што ќе ја организираат во дворот на вилата во населбата Монтесито ќе присуствуваат најмалку шеесет избрани луѓе.

Покрај роденденската честитка, кралицата објави и три фотографии. Едната, е направена во Честер во јуни 2018 година и ја претставува првата официјална средба помеѓу Елизабета и идната сопруга на нејзиниот внук. На втората, од 2019 година, ги гледаме Хари и Меган со нивниот новороден син Арчи на турнеја низ Африка. Третата беше направена минатата година за време на наградите „Endeavour“.

Сигурни сме дека пораката изненади многумина, но и ги омекна. Нема сомнение дека и Елизабет била трогната кога слушнала дека девојчето, родено на почетокот на јуни, се вика Лилибет. 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: