Никола и Бруклин Бекам одбележаа шест месеци брак: Еден на друг си упатија емотивни пораки (ФОТО)
На Инстаграм си посветија љубовни објави...
Синот на познатите Викторија и Дејвид Бекам, пред точно шест месеци застана на лудиот камен со избраничката Никола Пелц. Во тоа име, сега сподели емотивна објава на Инстаграм, со фотографија од нивната венчавка. Сѐ што напиша ѝ посвети на сопругата и нивната љубов.
„Шест месеци со мојата најдобра пријателка. Не би избрал никој друг за да го живеам овој живот со него. Те сакам засекогаш. Ти си апсолутно љубовта на мојот живот“ - напиша Бруклин под фотографијата од венчавката.
„Те сакам бејби, многу, многу“ - му возврати Никола под оваа објава, а исто така и таа на својот профил сподели романтична фотографија од нивната венчавка, со слична порака полна љубов.
Инаку, долго се зборуваше и пишуваше дека родителите на Бруклин не се воодушевени од снаата, и дека Никола и Викторија имале сериозни кавги.
фото: Принтскрин / Инстаграм