Никола и Бруклин Бекам воодушевија со усогласената модна комбинација: Белата боја и ленот даваат „old money“ впечаток

Никола и Бруклин Бекам воодушевија со усогласената модна комбинација: Белата боја и ленот даваат „old money“ впечаток

Објавена во: Мода // Moj стил

Сен Тропе, јахта и вистинско уживање!

Бруклин Бекам и Никола Пелц моментално се на одмор на една од омилените локации на богатите и познатите - Сен Тропе. Младата двојка се венчаше во април, но сепак и понатаму се однесуваат како туку што венчани, што може да се заклучи од нивното „бегство од секојдневието“.

Никола му седи на Бруклин во скут, додека прегрнати разменуваа страсни бакнежи на јахтата.

Монохроматски и целосно во бело, со стил го одбележаа ова патување. „Old money“ естетиката, инаку позната како „тивок луксуз“, често се состои од елегантна, еднобојна и прикриена луксузна облека. Двајцата на ова ставија и личен печат, внесувајќи ги препознатливите брендирани парчиња облека со лого, како што се чантата „Шанел“ на Никола.

Никола носеше бел, извезен мини фустан, кој го искомбинира со сандали на платформа, кои и не се баш најсреќниот избор за прошетка на плажа, но уште од нивната венчавка се знае дека дефинитивно најмногу се израдува на враќањето на платформите, па белиот пар „Версаче“ ги носеше и на свадбената церемонија. Тоа ѝ додава висина на нејзината, инаку ситна фигура.

Таа го надополни летниот изглед со ткаена чанта, во облик на кошничка, а Бруклин усогласен со својата сакана, носеше лежерна бела маица и ленени панталони, искомбинирани со кремови сандали - давајќи впечаток на опуштен луксуз, чиј претставник дефинитивно е неговиот татко, Дејвид Бекам.

фото: Притнскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: