Никола не е повеќе блондинка, а Бруклин Бекам ѝ посвети уште една тетоважа: Според многумина изгледа евтино и нема никакво значење (ФОТО)

Никола не е повеќе блондинка, а Бруклин Бекам ѝ посвети уште една тетоважа: Според многумина изгледа евтино и нема никакво значење (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Не сите се воодушевени од неговата нова тетоважа, но од друга страна сите се воодушевени од новата фризура на Никола Пелц Бруклин.

Бруклин Бекам и Никола Пелц неодамна ја крунисаа својата врска со брак, а од венчавката неуморно ја споделуваат својата љубов на Инстаграм. Освен со фотки, тоа го изразуваат и на друг начин, особено Бруклин.

Бруклин Бекам е познат по своите бројни тетоважи. Целото тело му е исполнето со разни цртежи, пораки и цитати, а не е тајна дека некои тетоважи се посветени на неговата нова сопруга Никола Пелц. Во едно интервју, Бруклин изјавил дека моментално има околу 95 тетоважи, што е исклучително голем број на тетоважи.

 Очигледно е дека има место за уште повеќе бидејќи сега објави фоткс на Инстаграм каде ја покажа својата нова тетоважа која не доби пофални зборови како претходните. Имено, на тетоважата пишува „Оженет“, односно „Married“. 

И, едно е сигурно – никому не му се допаѓа неговата нова тетоважа. Сепак тој тетоважата ѝ ја посвети на сопругата и за неа беше изненадување.

Многумина мислат дека тетоважата е глупава затоа што веќе има неколку од нив посветени на Никола, а сите знаат дека неодамна се венчаа затоа што се светски познати. Затоа сметаат дека нема потреба од ваква тетоважа, што не значи ништо освен што сега сите знаат дека е оженет, а тоа го знаеле и порано. Но, на Никола очигледно ѝ се допаѓа таа тетоважа и тоа е веројатно најважното. Освен тоа, ова е само една од тетоважите кои ѝ ги посветил, а многумина се прашуваат доколку некогаш се разделат, како ќе прикрие толку многу тетоважи посветени на Никола.

Во меѓувреме Никола не е повеќе блондинка, таа сега косата ја исфарба во црна и многумина се воодушевени од промената.


извор;395teen

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: