Nikola's Art House: Сон ми е да имам своја серија на Cartoon Network!

Nikola's Art House: Сон ми е да имам своја серија на Cartoon Network!

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Оваа недела имаме едно малку поинакво интервју со јутјубери - видео интервју. Ова е прво интервју од овој тип, но ќе има уште многу други. Решив да ја сменам динамиката на овие интервјуа па затоа го избрав Никола Димов - Nikola's Art House за да го направи интервјуто уште пошарено.


Можеби се сеќавате, Никола е дечкото кој црташе на нашиот хаштаг ѕид на отворањето на порталот, а ексклузивно за Хаштаг.мк изјави дека Глупи Прашања 2 КОНЕЧНО ќе излезе на крај на ноември. За тие што не знаете, Глупи Прашања е онлајн игра која ја има создадено тој самиот, но не е само обична игра. Полна е со загатки, трикови и може да нè изнервира тотално, ама затоа пак чувството кога ќе стигнеш до крајот е бесценето. Исто така ни раскажа дека досега работел 11 месеци на вториот дел.



Омилениот негов хаштаг е #Vanila, бидејќи така се вика неговото куче. Тој исто така ни раскажа дека негова неостварена желба е да има своја анимирана серија на Cartoon Network, но дека нема да се откаже од таа идеја, колку и да звучи неверојатно. Сепак, тој има само 16 години, а има огромно знаење и талент.

За да дознаете што пее Никола кога се тушира, кој му бил омилен цртан од детството и дали плаче кога чита хејт коментари, погледнете го целото интервју.




Сапскрајбнете му се на Никола на јутјуб: Nikola's art house
Заследете го на инстаграм: @nikola_art_house

Кике Цветче

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: