Нина Бадриќ и нејзината сестра Сунчица рака под рака уживаат во прошетка на сонцето: Не се знае која зрачи повеќе (ФОТО)
- Рака под рака, нежен поглед, јас и ти. Извини Ќетковиќ што малку ти го сменив текстот - напиша Нина и ја означи својата сестра и музичарот Сергеј Ќетковиќ од чија песна го зеде текстот.
Пејачката Нина Бадриќ (50) често со своите следбеници на Инстаграм споделува модни комбинации, но и моменти од приватниот живот, и од настапите. Сега таа објави фотографија во лежерно издание со помалата сестра Сунчица.
На фотографијата сестрите Бадриќ се шетаат во Зрињевац држејќи се за раце и насмеани од уво до уво. Нина за прошетката облекла широки фармерки, бела маичка и кусо бело сако со дезен од црни пруги. Изгледот го комплетираше со жолти чизми со отворени пети и голема црна кожна чанта.
Сунчица за оваа пригода избра широки сиви панталони, бела маичка и сив капут, како и бели тениски чевли и црна кожна чанта.
- Рака под рака, нежен поглед, и ти и јас. Извини Ќетковиќ што малку ти го сменив текстот - напиша Нина и ја означи својата сестра и музичарот Сергеј Ќетковиќ (46), од чија песна со мали измени извади стихови.
Пејачката со мали измени ја цитираше песната „Кофер“ од познатиот музичар Сергеј Ќетковиќ. Во песната Сергеј пее: „Раце во движење, меки допири, ти и јас“.
„Љубовта на сестрата е сè“, „Не знаеш која е попрекрасна, а јас зборувам внатрешна убавина, вие зрачите со љубов“, се редеа коментари.
извор:24sata