Ниту Бијонсе не му одолеа на новиот тренд: Дали е ова навистина таа? (ФОТО)
Музичката дива неодамна присуствуваше на американската премиера на нејзиниот филм „Renaissance: A Film Beyonce“ и ја изненади публиката и јавноста ширум светот со нов имиџ.
За оваа специјална пригода Бијонсе ја смени косата во платинесто русокоса, но сите оние кои ја обожаваат поприродната верзија на славната пејачка немаат причина за грижа, бидејќи се работи за перика. Ја направил нејзиниот фризер Нил Фаринах, додека за шминката била задолжена Рокаел Лизама.
Бијонсе ја комплетираше „новата“ фризура со сребрен фустан од брендот Версаче, а на социјалните мрежи започна бура од коментари.
Последниве денови често гледаме промени во фризурите на познатите ѕвезди, па Ријана и Ким Кардашијан станаа русокоси, а сега на овој тренд не одолеа ниту Бијонсе - барем за некое време.
Фото: твитер