Ниту на +3 степени не се откажува од летната облека: Бела Хадид разголена позираше на снег

Ниту на +3 степени не се откажува од летната облека: Бела Хадид разголена позираше на снег

Објавена во: Живот // Живот

Поранешниот ангел на Викторија не се откажува од летната облека дури ни на +3 степени Целзиусови во ладниот Њујорк...

Американскиот модел Бела Хадид не се откажува од маичките на кратки ракави, дури и кога температурите во Њујорк се близу до минус.

Имено, многу обожаватели ќе замрзнат само кога ќе ги видат овие фотографии на кои познатата манекенка лежи во снегот во маица во која се гледа нејзиниот стомак.

Убавицата излезе на првиот снег во Њујорк само во топче и тенка јакна, па позираше како да не ѝ е ладно и уживаше толку разголена на +3 Целзиусови степени.

„Трет ден снег. После работа“ - напишала манекенката на објава на која лежи во снегот, а сите гледаат во нејзиниот совршено рамен стомак.

Не е познато дали навистина шетала по улиците на Њујорк од работа до дома или излегла само за да се фотографира за Инстаграм, а потоа набрзина влетала дома.

На оваа објава саа собра над 2 милиони лајкови, додека 36,5 милиони фанови ја следат на социјалната мрежа Инстаграм.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: