Ниту познатата мејкап артистка не успеа да го направи трендот: По неколку обиди се откажа (ВИДЕО)
Ова не е воопшто едноставно како што изгледа...
Ники Туторијалс моментално е една од најпознатите мејкап артистки на светот. Може да направи речиси сѐ, но сега еден тренд ја спречи во тоа и ја доведе до ситуација во која едноставно се откажа.
Мометално е популарен трендот каде девојките ставаат туш на очите во само еден потег со одреден звук, а поентата е во тоа од прва да го стават совршено. Иако тој тренд изгледа многу едноставно, тој всушност воопшто не е , а тоа ќе го сфатиш кога ќе почнеш да се соочуваш со него. Истото и се случи и на на Ники Туторијалс, познатата мејкап артистка, која неколку пати се обиде во еден потег да си стави туш на капакот од очите, но за жал, ниту еден од тие обиди не беше во потполно успешен.
@nikkietutorials Katana no longer speaks to me.. #foryou #fyp #transformation @_Alondra_ original sound - nikkietutorials
Имаше ситуации во кои беше навистина блиску, но и понатаму тоа не изгледаше онака како што некои девојки го прават, кога е овој тренд во прашање. По ова сите почнаа да се прашуваат дали е воопшто може да се направи тоа? Веројатно да, а Ники овој пат сепак се откажа и на крајот си нацрта тажно емотиконче на челото, бидејќи не успеала. Но, сигурни сме дека е потребно многу вежбање и пракса за да се направи тој совршен потег.
фото: Принтскрин / ТикТок