Ниту со него немаше среќа: Раскинаа ли Мајли Сајрус и Коди Симпсон?
Не беа заедно ни една година, а Мајли поради него го остави сопругот.
Мајли и Коди беа оној пар кој постојано објавуваше заеднички фотографии на Инстаграм. Постојано. Изгледаше дека се многу заљубени, а сега се зборува дека на оваа врска и дојде крајот.
Пред помалку од една година не можевме да веруваме ја Мајли се разведе од Лиам Хемсворт и многу брзо откри дека е во врска со Коди Симпсон. На никој не му беше јасно што и како тоа се случи толку брзо. Но, Мајли и Коди изгледаа многу среќно. По 10 месеци, изгледа дека и на оваа љубов и дојде крајот. Како што пишува TMZ, парот раскина.
Изворот близок на парот откри дека раскинале во претходните неколку недели, а причината за раскинувањето се уште не е откриена. Оваа вест на сите им дојде како изненадување. Особено, бидејќи постојано споделува заеднички фотки, па дури и порано овој месец, Коди објави заедни фотографија на која навистина делуваа заљубено.