Нивната љубов беше шок за сите: Вака се запознаа Северина и Игор Којиќ

Нивната љубов беше шок за сите: Вака се запознаа Северина и Игор Којиќ

Објавена во: Живот // Живот

Вчера официјално се потврди дека Северина и Игор Којиќ ставија крај на бракот.
И двајцата не сакаат да коментираат за оваа вест во јавноста, иако за хрватски медиуми, откако бил запрашан за што точно се случило меѓу нив, Игор имал краток коменар дека „се' е кажано“.

Сепак пејачката и српскиот фудбалски менаџер со години важеа за најхармоничен пар меѓу славните.

И покрај разликата од 15 години, Северина и Игор Којиќ изгледаа заљубено до уши, пресреќни и многу хармонични од самиот почеток на врската, која ја крунисаа со брак во ноември 2015 година.

Медиумите долго време шпекулира дека нивната среќа завршила, но тие се однесуваа како нивната врска да е неуништлива. 

Јавноста дозна за љубовта на Северина и Игор кога хрватската пејачка во интервју ги потврди гласините дека е во врска со синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, а набргу потоа тие си кажаа „ДА“.

Многумина се интересираат како започнала нивната љубовна приказна, и како што изјави пред неколку години менаџерот и добар пријател на Северина, Едвин Софиќ, тој бил главниот „виновник“.

- Игор беше мој пријател, а јас сум како семејство со Северина долго време. Мило ми е што нивната врска заврши со брак - изјави тој за хрватските медиуми пред неколку години.

Наводно, Софиќ, кој има пријателски односи со многу српски и хрватски музички sвезди, го однел Игор на концертот на Северина во центарот „Сава“ и го однел во бекстејџот за да се сретнат. Како што пишуваа хрватските медиуми, тогаш се родиле првите симпатии, а наскоро започнала љубовта за која се уште се зборува.

извор:GLOSSY


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: