Њујорк вчера беше центар на гламурот, но сите гледаа само во неа: Кајли Џенер со еден детаљ одржа лекција (ФОТО)
Вчера музејот во Бруклин беше центар на екстраваганцијата, а доколку би се доделувала титулата кралица на модниот стил, Кајли Џенер убедливо би победила. Еве и зошто.
Многу познати личности вчера го посетија музејот во Бруклин, а имаа и посебна причина за тоа.
Имено, во музејот во петок, на 18 ноември официјално ќе биде отворена изложбата „Thierry Mugler: COuturissime“, во чест на легендарниот дизајнер Тиери Муглер.
Муглер беше познат по повеќедецениското создавање неверојатни и смели креативни парчиња. Овој единствен уметник внесе револуција во светот на „ready-to-wear“ модата, „haute couture“ модата, сценските костими, фотографии, филм и парфеми за време на богатата кариера од пет децении.
Во негова чест, присутните гости на свечената вечера, во пресрет на отварањето на изложбата се појавија во комбинациите со потпис на модната куќа „Муглер“ - екстравагантини креации какви што можеа да излезат само од ателјето на овој бренд.
На сите вниманието им го привлекоа неколку дами во впечатливи и авангардни црни фустани, а сигурно најмногу пофалби доби Кајли Џенер.
За оваа прилика таа носеше гламурозен црн фустан - сирена крој, со впечатлив отвор и црни ракавици, но модната комбинација ја комплетираше со раскошната тиара.
фото: Принтскрин / Инстаграм