Ноа Сајрус: „Беше тешко да се расте во сенката на популарната сестра“
Ноа Сајрус, музичарка и помлада сестра на популарната Мајли Сајрус, неодамна ја објави новата песна „Young & Sad“ и искрено проговори за својот живот и растењето со мега популарната сестра.
Со своите следбеници одлучи да се дружи вирално, откако се објави нејзината песна. На live на Инстаграм се расплака додека раскажување за растењето со познатата и успешна пејачка, постарата сестра Мајли Сајрус.
Притоа ги објасни и стиховите на новата песна во кои опишува дека „нејзината сестра е како сончева светлина која го носи светлото каде и да оди“, а таа е „родена за облаци, благословена во нејзината сенка“, пишува BuzzFeed.
„Мислам дека тоа е пораката во стиховите, да се родиш во семејство во какво што сум родена јас, кога сите ме малтретираат и ми е тешко бидејќи сум сестра на Мајли. Но, знаете, секогаш се чувствував како личност која на другите им е неважна, токму поради сето она што го читав на Интернет“ - објасни таа.
„Беше апсолутно неподносливо и затоа ја напишав оваа песна. Тоа е нешто што секогаш ми го зборуваа, без разлика на се, секогаш ќе бидам само сенка“ - им се довери на своите обожаватели, а тие веднаш почнаа да и пишуваат пораки и коментари за поддршка.
.@NoahCyrus gets emotional talking about her powerful track “Young & Sad” — a song from her new EP, ‘THE END OF EVERYTHING,’ which discusses her difficulties growing up with a famous sister and being told she would always live in her shadow. pic.twitter.com/EQ1jJQZDRl
— Pop Crave (@PopCrave) May 16, 2020
Очигледно е дека треба да почне својот живот и остварувања да ги гледа поинаку, бидејќи навистина има луѓе кои ја сакаат и ценат! Тоа и го докажаа со својата поддршка.