Ноќта на вештерките ги поттикна: Џиџи Хадид и Зејн Малик за првпат споделија фотка од ќеркичката

Ноќта на вештерките ги поттикна: Џиџи Хадид и Зејн Малик за првпат споделија фотка од ќеркичката

Објавена во: Совети // Семејство

Кон крајот на септември Џиџи Хадид и Зејн Малик го добија најголемиот благослов на светот - нивната ќерка се роди жива и здрава, а сега веќе има повеќе од еден месец и очигледно напредува одлично. Иако Џиџи и Зејн со години се смируваа и разделуваа, очигледно е дека нвната љубов кон бебето ќе ги обедини засекогаш, а медиумите пишуваа дека ова бебе ќе ги спои на One Direction, бидејќи момците му честитаа на Зејн за раѓањето на детето, иако не зборуваат со него!

Имено, Зејн и Џиџи се уште не го открија ниту името на нивната ќерка, а помина повеќе од еден месец од нејзиното раѓање - тоа обично не е така во пракса, бидејќи познатите родители го соопштуваат името на детето во првата Инстаграм објава посветена на него. Џиџи не го направи тоа, но затоа за првпат сподели фотограја на која Зејн ја држи малата наследничка во раце.

Главата на бебето е прекриена со стикер, а под неа има уште еден на кој пишува „Мојата прва Ноќ на вештерките“, бидјеќи фотографијата е во стилот на овој празник - и мајката и бебето се маскирани, а Џиџи облече екстремно тесен комбинизон за да ја истакне прекрасната линија, која ја имаше и пред породувањето.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: