Џиџи Хадид и Зејн станаа родителите: Погледнете ја првата фотографија од малото девојче
Од супермодел до супермама: Џиџи и официјално е мајка
Џиџи Хадид и Зејн Малик официјално се родителите: парот првото дете го доби 23 септември, а според првичните фотографии, мајката и бебето се чувствуваат добро.
Првата фотографија, на која се наоѓа рачето на малото девојче, на социјалните мрежи ја сподели гордиот татко.
„Нашето девојче е овде, здраво и преубаво“ - напиша тој.
„Не можам со зборови да опишам што чувствувам сега. Љубовта која ја чувствам за ова мало човечко битие е неопислива. Благодарен сум што ја запознав, што ја нарекувам моја и благодарен сум на животот кој ќе го имаме заедно“ - додаде тој.
Our baby girl is here, healthy & beautiful to try put into words how i am feeling right now would be an impossible task. The love i feel for this tiny human is beyond my understanding.Grateful to know her, proud to call her mine, & thankful for the life we will have together x pic.twitter.com/nvhfOkk2fw
— zayn (@zaynmalik) September 24, 2020
Инаку, дека Џиџи се породи се шпекулираше уште минатата недела, кога нејзиниот татко Мохамед Хадид на Инстаграм сподели порака која беше до неговата внука.