Ноктите на Бритни Спирс успеаја да го тргнат вниманието од безобразните топлес фотки: „Каква гадост, тажно...“
Нејзините обожаватели сакаат и да се пошегуваат, па пејачката шеговито ја нарекоа Титни Спирс...
Најновата фотографија на Бритни Спирс на Инстаграм во топлес ги воодушеви нејзините обожаватели, а во над 60.000 коментари под објавата се редат комплименти, шеги, но и загриженост за пејачката.
Имено, некогашната принцеза на попот, сподели уште една топлес фотографија направена во градината, но овој пат во кадар „влегоа“ и нејзините брадавици. Бидејќи знае дека Инстаграм веднаш ќе ја отстрани таа фотографија, брадавиците ги имаше прекриено со „ѕвездички“.
Обожавателите на Бритни ја пофалија поради храброста, но и слободата која конечно ја чувствува.
„Конечно се чувствува слободно и на нас ни е неизмерно драго што го гледаме тоа“, „Океј, сега си слободна, душо“, „Па тоа бе кралице“ - се само некои од коментарите под објавата.
Нејзините обожаватели сакаа и да се пошегуваат, па пејачката шеговите ја нарекоа Титни Спирс.
Меѓутоа, она што го одвлече вниманието дури и од топлесот на познатата пејачка беа нејзините нокти, кои изгледаа многу неуродно, по што предизвикаа лавина коментари.
„Те обожавам, но зарем не гледаш?“, „Те молам, собери се. Ова не ти доликува“, „Каква гадост, тажно...“, „Силно посакувам некој на добар начин да се подзанимава со оваа прекрасна млада жена“ - се само некои од коментарите.