„Нормалните ќерки си играат со кукли, мојата со лав“: Србин продава лавови, бувови, вози ној во кола

„Нормалните ќерки си играат со кукли, мојата со лав“: Србин продава лавови, бувови, вози ној во кола

Објавена во: Совети // Семејство

Зарем ова не е забрането?

На социјалната мрежа „ТикТок“ кружат видеа од егзотични и диви животни кои, како што изгледа според описите, ги продава Србин под името „Дани Тарзан“. Иако ваквата постапка е незаконска, овој човек јавно ја прикажува својата понуда, а во описот на профилот е посочено дека потенцијалните купувачи го контактираат преку „Viber“ и „Whats up“.

Она што секако привлекува најмногу внимание се фотографиите од различни типови на бувови со натпис: „Акција“ испишано над нив. Сепак, тој не ги наведува цените на животните.

@dani.tarzan  #foryoupage #fyp #foryou #4you #viral #viralvideo #tarzan #divljezivotinje #ljubimce #zivotinje #pse #macke #majmun #lav #tigar #gepard #kornjace #krokodil #prodajazivinice #udomljavanje #meerkat  #africkialbinojez #albinopuz #sova #srna #zmije #stene #pudle #nemackadoga #civava #sijamskamacka #ruskaplava #britanskakratkodlaka #beograd

Од друга страна, тој објавува фотографии од диви животни во станот, а на една од фотографиите се гледа неговата ќерка како држи младенче лав.

@dani.tarzan  @Dani_Tarzan  #foryoupage #fyp #foryou #4you #viral #viralvideo #tarzan #divljezivotinje #ljubimce #zivotinje #pse #macke #majmun #lav #tigar #gepard #kornjace #krokodil #prodajazivinice #udomljavanje #meerkat  #africkialbinojez #albinopuz #sova #srna #zmije #stene #pudle #nemackadoga #civava #sijamskamacka #ruskaplava #britanskakratkodlaka #beograd

– Нормалните ќерки си играат со кукли и спијат со плишано мече, само мојата луда со лав – напиша тој во објавата.

Во неколку наврати на снимката се гледаат и други видови диви мачки, како бел тигар. Има и егзотични птици, разни видови копитари и мајмуни.

@dani.tarzan @Dani_Tarzan  #foryoupage #fyp #foryou #4you #viral #viralvideo #tarzan #divljezivotinje #ljubimce #zivotinje #pse #macke #majmun #lav #tigar #gepard #kornjace #krokodil #prodajazivinice #udomljavanje #meerkat  #africkialbinojez #albinopuz #sova #srna #zmije #stene #pudle #nemackadoga #civava #sijamskamacka #ruskaplava #britanskakratkodlaka #beograd

На едно од видеата се гледа дури и ној кој го вози во својот автомобил.

Во една од објавите овој човек фотографирал покана за циркус и се заблагодарил за „ВИП“ столчето.

Според Законот за благосостојба на животните, чувањето и репродукцијата на диви и егзотични животни како домашни миленици може да се врши само врз основа на одлука за одобрение за чување и репродукција на диви и егзотични животни како домашни миленици, издадена од министерот, врз основа на претходно добиена согласност од министерот надлежен за животна средина за прашања на животните.

Чување и репродукција на егзотични животни како домашни миленици без одобрение во Србија се казнува со парична казна од 100.000 до 1.000.000 динари.

Извор: Telegraf.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: