Норт ја нашминка својата мајка, а резултатите се импресивни: Ким може да го отпушти својот шминкер после ова (ВИДЕО)

Норт ја нашминка својата мајка, а резултатите се импресивни: Ким може да го отпушти својот шминкер после ова (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

9-годишната Норт знае да шминка подобро од многу возрасни...

Ким Кардашијан би можела слободно да го отпушти својот шминкер и да се препушти во рацете на својата најстара ќерка, Норт Вест.

Ким за прославата по повод Денот на благодарноста, ѝ дозволила на Норт да ја нашминка, а резултатите се импресивни.

Видеото кое Ким и Норт го објавија на заедничкиот ТикТок профил, започнува така што Норт покажува каква шминка планира да користи. Помеѓу производите беше KKW палетата за убавина, но и сјај и руменило од козметичката линија на нејзината тетка Кајли Џенер.

Како и секоја вистинска професионалка, така и Норт знае дека шминката ќе трае подолго, ако кожата на лицето е правилно применета. По добрата хидратација на кожата, следувало нанесувањето на пудра со помош на сунѓери, како и коректор за прекривање на подочњаците и неправилностите на кожата. Потоа, на лицето со четка ѝ нанесе руменило. За усните користеше два производи, моливче во „nude“ нијанса и сјај. Последниот чекор беше стилизирањето на веѓите.

@kimandnorth

Baby-Baby-Baby - TLC

Видеото завршува со Ким која е пресреќна од шминката и која испраќа бакнеж во камерата.

Норт уште еднаш го покажа својот талент. Ова 9-годишно девојче од мали нозе покажува љубов кон шминкањето, а своите „make up“ трансформации и рутини за убавина често ги објавува на ТикТок профилот кој го води заедно со својата позната мајка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: